Трејлерот за Morgan е првиот трејлер создаден од вештачка интелигенција

0 коментари 1 мин. читање

Вештачката интелигенција на IBM, Watson за прв пат создаде трејлер за филм. Оваа необична пракса беше извршена врз постоечкиот филм Morgan. Watson го анализираше целиот филм, и од него ги одбра најдобрите делови и креираше трејлер.

Со оглед на тоа дека и филмот е хорор за вештачка интелигенција, изборот на Watson за креирање страшeн трејлер, е логичен. Интересно е што во изборот на Watson имаше сцени кои луѓето не ги избраа. Се чини дека трејлерот на вештачката интелигенција е и повеќе од адекватен.

Претходно IBM го „нарани“ Watson со над 100 хорор класици, за да му помогне подобро да ги разбере сцените кои се ставаат во трејлерите. По видео и аудио анализата, вештачката интелигенција беше подготвена за креирање на трејлерот. Она што го направи Watson може да го видите во видеото.

Филмот Morgan светската премиера ја има денес, а засега нема најава за достапност во македонските кино сали.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top