Првиот сателит на Facebook AMOS-6 и ракетата SpaceX Falcon 9 се уништени во експлозија

0 коментари 1 мин. читање

Првиот сателит на Internet.org иницијативата, поддржана од Facebook, е уништен во експлозија на лансирната рампа во Кејп Канаварал. Експлозијата го зафати сателитот и ракетата Falcon9 на Space X која требаше да го лансира сателитот во орбита. Уништена е и лансирната рампа.

Лансирањето беше закажано за сабота 3 септември. Цената на сателитот е околу 200 милиони долари, но вистинската цена и можноста за тестирање и интернет врска во Африка е далеку поскапоцена. Причината за експлозијата не е во ракетата Falcon9 туку, аномалија во платформата.

„Разочаран сум што проблем со SpaceX го уништи сателитот кој ќе овозможеше поврзување на многу претприемачи и на сите на континентот. За среќ,а нашите други технологии како Aquilla можат да ги поврзат луѓето.“, вели Марк Закерберг во својата реакција.

Во просек едно од девет лансирања се неуспешни. Falcon9 е далеку подобар од просекот со 2 неуспешни обида од 29 лансирања, пренесе TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top