Авторите на филмската биографија за Стив Џобс се решија трејлерот за Jobs да го објават на Instagram. Како што споменавме претходно, со претставувањето на видеа на Instagram (и можност за нивно вметнување на сајтовите), ќе може да очекуваме оваа друштвена мрежа сега да се користи и за промоција на авторските дела, како што е филмот и музиката.
Филмот официјално ќе биде претставен на 16 август. Честа да го глуми Стив Џобс ја има Ештон Качер, додека Џош Гад ќе го претставува Стив Возњак. Инаку, ова не е единствен филм кој се спрема за Стив Џобс. Продуцентската куќа Sony Pictures ќе го снима филмот според приказната од биографската книга на Волтер Исаксон.







