Traveler’s Refrain: Музичка одисеја низ забранетите шуми

во гејминг

Traveler’s Refrain е акционен RPG наслов кој се испорачува од независното студио Red Essence Games. Преземајќи ја улогата на Traveler и вооружени со магично бузуки, ќе навлезете во потрага по вашата изгубена љубов. Она што ќе најдете тука е комплексен, но забавен гејмплеј, и впечатлива атмосфера која вешто балансира помеѓу фантазија и емоционална длабочина.

Развојното студио Red Essence Games ја издвојува Traveler’s Refrain од морето слични игри не само во поглед на уникатниот наратив, туку и во поглед на иновативниот борбен систем. Наречен song-casting, гејмплејот ве принудува да ги комбинирате физичките напади со магични мелодии. Покрај тоа што е музички инструмент, вашето бузуки зазема форма и на моќно оружје кое троши посебна енергија за да прави магии кои, пример, создаваат одбранбени ѕидови или офанзивни кули. Ваквата механика често ве наградува за вашата прецизност и чувство за ритам, поттикнувајќи ве да создавате комбо движења кои делуваат како еден вид музички перформанс. Истражувањето на светот е инспирирано од класичните авантури како Zelda, каде што занданите се полни со загатки кои бараат креативна употреба на новостекнатите способности за манипулација на околината.

Рачно сликани пејзажи ѝ даваат на играта уникатен, сликовит идентитет, што одлично се вклопува со меланхоличната атмосфера која произлегува од самата приказната. Музиката, пак, се менува во зависност од изборите кои вие лично ги правите, создавајќи персонализиран саундтрак за секоја авантура. Во играта гостува талентот Essenger (музички продуцент и вокалист), но и бројни други таленти од метал сцената, правејќи го целото искуството автентично и двојно поимпресивно.

Доколку поминете барем малку време со Traveler’s Refrain, ќе забележите дека се работи за квалитетен проект кој мајсторски спојува музиката со акција во една прекрасна целина. Одредени механики не се баш едноставни и бараат време за навикнување, особено за оние кои, како нас, немаат баш некакво чувство за ритам, но тоа никако не значи дека играта не нуди длабоко и наградувачко искуство. Уникатната естетика, емотивната приказна и иновативниот пристап кон магијата преку музика, прават насловот максимално да го заслужува вашето внимание.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk