Everdream Village – Амбициозна, но сè уште недовршена фарма

во Вести

Everdream Village, развиена од студиото Mooneaters, е игра која е духовен наследник на претходниот наслов, релативно успешен наслов Everdream Valley. Чедото на Mooneaters неодамна влезе во фаза на ран пристап, дозволувајќи ви да изградите и фарма и цела една заедница во живописно село. Иако Everdream Village никако не е за потценување, особено за љубителите на cozy жанрот, она што ќе најдете во моментот, меѓутоа, е мешавина од шармантен потенцијал и технички несовршености кои бараат трпение.

Како и други игри од овој калибар, така и Everdream Village се заснова на познатата формула на одгледување култури, грижа за животни и изработка на предмети. Но, Mooneaters не застануваат тука туку се трудат да ја раздрмаат со неколку клучни механики. Една од најинтересните такви карактеристики е системот за тераформирање, благодарение на кој директно можете да го обликувате пејзажот, односно да подигате ридови, да копате речни корита или да создавате подземни премини.

Ваквата слобода во дизајнирањето на светот пријатно може да изненади, но сепак се бара трпение додека тимот експериментира со механиките и се залага да изнајде најдобро решение во поглед на изведбата. Втор начин на кој може да си играте со божји сили така што нуди длабок систем на генетика за животните. Доколку ви е интересно вкрстување на видови за создавање уникатни варијации, тогаш светот ќе ви отвори прекрасна магична механика од трансформативен карактер. Но, и овде не се премногу добро објаснети работите и потребно е експериментирање за да го постигнете саканиот ефект.

Една од најсилните точки во Everdream Village е светлиот, шарен и уметнички стил кој е дизајниран да предизвика чувство на удобност и релаксација. Графиката е значително подобрена во споредба со претходникот и, овојпат, може да се пофали со детални екосистеми и симпатични дизајни на ликовите и животните. Звучната подлога е за пофалба и нуди смирувачки мелодии кои ве придружуваат додека ги истражувате островите во потрага по нови ресурси. 

Вашите постапки во играта директно влијаат врз расположението на соседите, а градењето пријателства (нормално и романтични врски) носи конкретни придобивки. Имено, доколку селаните се задоволни тогаш со задоволство ќе ви помагаат во секојдневните обврски. Системот можеби звучи одлично во теорија, но праксата и овде е малку поразлична и е пропратена со ограничени и незадоволителни интеракции. 

Развојниот тим предвидува дека играта ќе остане во ЕА фаза меѓу шест месеци и една година, во зависност од повратните информации на заедницата. Во моментов, играта содржи доволно содржина, но би можеле да се разочарате од одредени багови, недостаток на целосна поддршка за контролер и одредени нецелосни механики. Во идните планови е вклучено проширување на приказната, додавање нови животински видови и повеќе острови за истражување. Останува да видиме како ќе биде реализирано таквото нешто.

Кога ќе се земат сите работи во предвид, Everdream Village е, сега-за-сега, проект кој нуди интересна комбинација на креативна слобода и управување со заедницата. За оние кои сакаат активно да учествуваат во развојниот процес и не им пречат техничките недостатоци, ова е шармантна авантура, но, доколку сте едни од оние кои наоѓаат задоволство во ставање се под лупа, барајќи беспрекорно и комплетно искуство, тогаш можеби е попаметно да почекате додека играта не созрее и не ги максимално исполни амбициозните ветувања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments