Јапонскиот производител на автомобили Toyota ќе инвестира 500 милиони долари во Uber. Поважно, компанијата ќе влезе и во развојот на автономни возила како дел од инвестицијата, велат извори за Wall Street Journal.
Влезот во развојот е позначаен со оглед на тоа дека во последно време Uber баш како да престана да ги развива возилата. Компанијата доцнеше зад Google и другите компании. Но, по судскиот спор со Google и сообраќајната незгода во Аризона, како во целост да престанаа со развој. Затоа оваа најава за заеднички развој на автономни возила има поголемо значење од финансиската инвестиција.
Toyota проценува дека Uber вреди 72 милијарди долари, малку повеќе отколку што компанијата ја процени Softbank.
Вештачењето покажа дека сообраќајната незгода ја предизвикал погрешно нагоден софтвер. Сензорите го забележале велосипедистот, податокот стигнал на процесирање, но компјутерот не го прилагодил движењето, проценувајќи дека не станува збор за опасност на патот. За жал, ова беше прва жртва на автономните возила, надвор од возилото.
Автономните возила и споделувањето на превоз се важни за развојот на производителите на возила во иднина. Toyota има дел од најнапредните возила, но на компанијата и недостасува сервис за споделување на превоз. Со Uber ќе го добијат токму ова.







