Toyota инвестира половина милијарда евра во Uber

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Јапонскиот производител на автомобили Toyota ќе инвестира 500 милиони долари во Uber. Поважно, компанијата ќе влезе и во развојот на автономни возила како дел од инвестицијата, велат извори за Wall Street Journal.

Влезот во развојот е позначаен со оглед на тоа дека во последно време Uber баш како да престана да ги развива возилата. Компанијата доцнеше зад Google и другите компании. Но, по судскиот спор со Google и сообраќајната незгода во Аризона, како во целост да престанаа со развој. Затоа оваа најава за заеднички развој на автономни возила има поголемо значење од финансиската инвестиција.

Toyota проценува дека Uber вреди 72 милијарди долари, малку повеќе отколку што компанијата ја процени Softbank.

Вештачењето покажа дека сообраќајната незгода ја предизвикал погрешно нагоден софтвер. Сензорите го забележале велосипедистот, податокот стигнал на процесирање, но компјутерот не го прилагодил движењето, проценувајќи дека не станува збор за опасност на патот. За жал, ова беше прва жртва на автономните возила, надвор од возилото.

Автономните возила и споделувањето на превоз се важни за развојот на производителите на возила во иднина. Toyota има дел од најнапредните возила, но на компанијата и недостасува сервис за споделување на превоз. Со Uber ќе го добијат токму ова.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments