Toп 10 највлијателни интернет настани на декадата

во Веб

{mosimage} Wikipedia, Facebook, Napster, иранските протести… Интернационалната академија на дигитална уметност и науки, која ги организира Webby Awards ги прогласи 10-те највлијателни интернет настани на декадата.

„Интернетот е приказна на декадата бидејќи е катализатор на промена не само во секој аспект од нашиот секојдневен живот, туку и во промена на се од економија и комуникациај до политика и поп култура." вели Дејвид-Мајкал Дејвис, директорот на наградите.

Највлијателните настани на листата се тие настани кои го променија стариот систем и ја ставија моќта во рацете на обичните луѓе, вели г-дин. Дејвис.

{mosimage}

  • Стартува Google AdWords (2000 год.) – Google направи огромно богатство преку овој систем на рекламирање. AdWords работи како автоматска аукција на која се продаваат рекламите, а најголемиот надавач плаќа само 1 пени повеќе од вториот надавач. Покрај тоа со AdWords се овозможи рекламите да ги таргетираат посакуваните потрошувачи. Повеќе за AdWords тука.
  • Craiglist се проширува надвор од Сан Франциско (2000 год.) Craiglist е бесплатен сајт за огласи кој има огромно влијание во САД. Доколку не сте запознаени со Craiglist повеќе можете да прочитате на Wikipedia.
  • Стартува Wikipedia (2001) – Доколку читате за Craiglist на Wikipedia тогаш ви е јасно колкаво влијание има енциклопедијата врз нашето информирање.
    Сега Wikipedia има 14 милиони текстови на 271 јазици. Брз факт: 90 отсто од читателите на IT.com.mk ја користат Wikipedia.
  • Гасењето на Napster (2001)Napster беше сервис за споделување музика. Беше изгасен бидејќи ја отвори браната на пиратското споделување. По неговото гасење се појавија многу други слични сајтови и сервиси што предизвикаа разновидни идеи и технолошки решенија кои го променија начинот на тоа како слушаме и споделуваме музика денес.
  • Google IPO (2004)првичното објавување на акциите на Google на берзата беше и едно од најголемите. Тoа го направи Google „една од најдоминатните и највлијателните компании на декадата“, според Webby.
  • Видео револуција (2006) – перфектната бура од побрз интернет, поефтини камери, користење на Adobe Flash 9 видео плеер од страна на YouTube, сето тоа искомбинирано ја доведоа видео револуцијата.
  • Facebook стана мрежа за сите, не само за студентите. Стартува Twitter (2006) – Скоро 400.000 македонци се на Facebook. Покрај индивидуалците, голем дел се и јавни лица, компании, организации…
    Twitter oд друга страна предизвика промена во начинот на информирање и промена во јавната дебата. Сега Google, Bing и Yahoo планираат да го вметнат Twitter во пребарувањето.
  • iPhone (2007) – најпопуларниот уред на Apple му даде нова димензија на тоа што го викавме телефон. Покрај услугите кои ги нуди телефонот, истиот предизвика и револуција во изработка на апликации, голем дел изработени од самите корисници.
  • Претседателската кампања во САД (2008)Барак Обама покажа дека политиката мора да се вклучи во онлајн светот за да постигне резултатити.
  • Протести во Иран (2009) – исто нарекувани и „Twitter револуција “ бидејќи скоро сите информации за деталите од протестите доаѓаа од друштвените мрежи, пред се Twitter, но и YouTube, Facebook…



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk