25 коментари 2 мин. читање

Time.mk егзодус: И Утрински весник, Дневник и Вест се повлекоа

Утрински Весник, Дневник и Вест веќе не сакаат нивните линкови да бидат споделувани од најпопуларниот-во-моментов .мк сајт, Time.mk. Весниците издавани од Медиа Принт Македонија, ќе го следат примерот на Сител, Канал 5, Netpress, Курир.мк и др., и ќе се повлечат од aгрегаторот за вести.

Причината е повторно пари. Медиумите бараат надоместок за нивните линкови да бидат агрегирани на Time.mk. Сумата која се бара е околу 5.000 евра, открива основачот на Time.mk, Игор Трајковски во твит.

Претходно пишав за влијанието на агрегаторите на вести, од аспект на читателот, што му олеснуваат да најде објективни вести, и од аспект на медиумите кои добиваат поголема публика од споделените линкови.

Тоа што останува интересно во целава приказна е што сите овие .мк медиуми се повлекуваат само од Time.mk, но не и од другите два агрегатори на вести Daily.mk и Вуквар.мк. За Daily.mk од Канал 5 ни кажаа дека и тие како Time.mk немаат право да агрегираат содржина, и најверојатно ќе добие иста отпорност од медиумите.

Но, со Буквар.мк е комплетно поинаква приказна бидејќи овој агрегатор има договор со медиумите, барем со Канал 5, по тоа што ни беше потврдено. Уште поинтересно е што Буквар.мк започна да се рекламира и тоа на сајтови кои сè уште се на Time.mk.

Што се однесува до Time.мк, основачот Трајковски вели дека „бунтовните“ медиуми ќе добијат специјален третман.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

25 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top