0 коментари 2 мин. читање 22 јануари, 2018

Тим Кук смета дека друштвените мрежи не се добри за помладите

Друштвените мрежи наскоро би можеле да имаат поголем проблем. Расте бројот на инженери и лидери од Силициумската долина кои не се љубители на друштвените мрежи. Најново лице на оваа листа е директорот на Apple, кој неодамна откри дека не е воодушевен од користењето на друштвените мрежи од помладите.

„Немам деца, но имам внуци на кои им поставив некои граници. Има некои работи кои не можам да ги дозволам. Не сакам да бидат на друштвените мрежи“, вели Тим Кук.

Дополнително, не е вљубеник во ниту една технологоја во која може да стане опсесивен. Интересно, иако г. Кук е директор на компанијата која ги произведува уредите околу кои има најголем култ, тој вели:

„Не верувам во прекумерно користење на технологијата. Не сум човек кој смета дека за да постигнеш успех мора да користиш технологија постојано“.

Друштвените мрежи, пред се Facebook, имаат посериозни проблеми во последниот период. Прекумерното користење, ширењето на лажните вести и пропаганда, но и креирање на огромни поделени блокови на корисници се дел од нив.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top