Тим Кук несакајќи направи ужасна реклама за iPhone

0 коментари 1 мин. читање

Иако Аpple одлучи да го прескокне овогодинешниот SuperBowl, еден од најголемите комерцијални настани во САД, сепак се најде во центарот на вниманието поради невештата фотографија на Тим Кук. Директорот на Apple во еуфоријата за победата на Denver Broncos сподели фотографија, очигледно направена со iPhone, коjа беше промашена и надвор од фокус. Г. Кук ја избриша фотографијата од Twitter, и сигурно жали што воопшто ја објавил бидејќи одговорот од социјалните мрежи беше навистина забавен и смешен, можеби и малку на штета на Apple и квалитетот на камерата на iPhone.

За воља на вистината втората фотографија е далеку подобра и најверојатно затоа е и помалку интересна на социјалните мрежи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед