Тим Кук и Ерик Шмит инвестираат во туш

Nebia е едноставен производ, eдноставен туш кој не е класично паметно решение за кое често читаме. Но, освен што има успешен Kickstarter проект, стартапот веќе доби инвестиција и од директорот на Apple, Тим Кук, поранешниот директор на Google, Ерик Шмит, и oд Y Combinator.

Nebia ја распрскува водата на ситни капки кои се толку малечки што водата од тушот покрива 10 пати поголема површина од стандардните. Можеби најимпресивната придобивка е неговата штедливост која овозможува заштеда на вода од 70 отсто при туширањето. Заштедата од 70 отсто овозможува овозможува овој навистина поскап туш да се исплати за помалку од две години.

Прв инвеститор во Nebia е директорот на Apple, Тим Кук, а соработката со него навистина му помогна на стартапот вели основачот Филип Винтер во интервју за Venture Beat. Според основачите главна причина за инвестицијата е што г. Кук се залага за заштита на животната средина. Ова се отсликува и во работата на Apple кој се залага енергијата која ја користат во целост да биде од обновливи извори. Проектот веќе ја надмина предвидената цел од 100.000 долари на Kickstarter, и во моментов има 678.000 долари од 2.,055 поддржувачи, а до крај на кампањата остануваат 30 дена. Поддршката на Kickstarter овозможува Nabia да ја добиете за прилично високи 300 долари, но во продажба тушот ќе чини 400 долари.

За првиот верзија на Nebiа не е предвидена паметна верзија која би можела да биде управувана преку паметен телефон, но некоја од следните верзии без сомневање ќе доаѓа со ваква функционалност велат креаторите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
IT.mk редакција
Admin

sdsfcsadfcva sd

види ги сите огласи на kariera.it.mk