2 коментари 3 мин. читање 12 август, 2015

Дигиталните игри со карти заработија 1,2 милијарда долари во една година

Игрите со карти стануваат се популарни на интернет, а дури ни најпопуларната игра со карти Magic не може да ја победи Hearthstone. Минатата година игрите со карти заработија 1,2 милијарди долари, а до крајот на годинава се очекува за 100 милиони долари да ја надминат оваа бројка, вели Super Data Search.

Најголем заработувач во категоријата е Hearthstone: Heroes of Warcraft на Blizzard со 20 милиони долари месечно, што можеби и не е изненадување со оглед на популарноста на Blizzard, а и играта е навистина одлично направена. Hearthstone е прва дигитална игра со карти на Blizzard, но компанијата веќе има една игра со карти зад себе, World of Warcraft TCG за која дел од играчите велат дека има одлични решенија, а во дел од нив дури ја надминува и Magic: The Gathering. Можеби клучни за успехот на успехот на Hearthstone се мобилните корисници, дури 9 милиони играта ја играат на паметен телефон или таблет компјутер, 8 милиони ја играат на својот компјутер, а во 2014 играта заработи 173 милиони долари.

„Можноста да надградат на претходен наратив овозможува постоечките играчи и новите играчи брзо да најдат допирна точка со играта, со што се овозможува различен однос во споредба со останатите бесплатни наслови кои се достапни на iOS и PC.“

Со 173 милиони долари Hearthstone е убедлив на првото место пред Marvel War of Heroes (71 милион), Injustice: Gods Among Us (46 милиони), Magic: the Gathering Online (43 милиони) и Star Wars: Force Collection (41 милион). Со исклучок на Magic сите игри се креирани на веќе постоечки универзум: Marvel, DC Comics, Star Wars или World of Warcraft, па очигледно квалитетот на играта и нејзината забавност можеби и не се единствен услов за успех кога игрите со карти се во прашање.

Анализата на Super Data Search предвидува дека веќе следната година паметните телфони ќе бидат главна платформа кога CCG (Collectable Card Games) се во прашање, но кога плаќањето е во прашање РС играчите плаќаат повеќе па покрај помалиот број приходите од компјутер се 11 отсто повисоки.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
IT.mk редакција
Admin

test digitalnite igri

IT.mk редакција
Admin

dasdasdas

Мени
Заедница
Изглед
To top