Google, Facebook, Twitter и Yahoo се плашат од нов закон за контрола на интернетот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Google, Facebook, Twitter и Yahoo обвинуваат дека Motion Picture Association of America се обидува да го врати контраверзниот закон SOPA, кој веќе еднаш беше одбиен од американскиот Конгрес. Четирите компании поднесоа барање до Судот во Њујорк за одбивање на блокадата на Movietube. Блокадата ја побараа Sony, Warner Bros, Universal, Disney и Paramount, а предвидува блокирање за линкови од интернет компаниите, па дури и прекин на услуги од провајдерите, вели Guardian.

„Ние не го оправдуваме нарушувањето на авторски права и во подолг период сериозно инвестираме да го решиме проблемот со авторски права. Но нивниот предлог е законски недозволив и ќе има сериозни последици за целата интернет заедница“, велат ИТ компаниите. Барањата на филмските студија се речиси идентични со SOPA, контроверзниот предлог-закон кој го крена интернетот на нозе, и предвидуваат блокирање на пиратите од интернет провајдерите, бришење на линкови во пребарувачите, но и отстранување на рекламите од овие сајтови.

Првиот SOPA предлог кој требаше да се справи со пиратските содржини, а всушност во себе криеше многу посериозни последици за блокирање на интернет пристап, беше одбиен од Конгресот под притисок на јавноста, а без сомневање сите следни слични предлози ќе мора да успеаат да се соочат со гневот на корисниците, што може да значи дека во догледно време никој нема да се охрабри да донесе толку директен закон за ограничување на интернет пристап. Но, суптилна контрола е можна. Што се однесува до одлуката на судот во конкретниот случај, според барањето на Google, Facebook и останатите компании, таа одлука мора да биде јасна и да постави правила за во иднина против слични тужби.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk