TikTok стигна до 1 милијарда активни корисници и 3 милијарди преземања

Популарната друштвена мрежа за споделување на куси видео записи – TikTok, има навистина импресивен раст. Минатата недела објавија дека имаат 1 милијарда активни корисници месечно. TikTok успеа да дојде и до над 3 милијарди преземања глобално и со ова е единствена апликација која не е под Facebook со олкав број на преземања, вели TechCrunch.

Aпликацијата е слична на поранешниот Vine или на делот на Instagram Stories. Им овозможува на корисниците да  гледаат куси видеа кои се споделени од креаторите на содржина, од пријателите, или од профилите кои ги следат. Практично станува збор за друштвена мрежа која овозможува споделување на видеа. За разлика од сите конкуренти кои се креирани во САД, TikTok е изработен од кинеската компанија ByteDance. Бројката е и поимпресивна бидејќи доаѓа без корисници во Индија каде оваа апликација е забранета.

Сепак пред нешто повеќе од една година, во август 2020 иднината на сервисот не изгледаше најдобро. Тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ја забрани употребата на апликацијата во САД. Со наредбата американските компании не смееја да се рекламираат на TikTok, но и продавниците за апликации како AppStore и Google Play, требаа да ја отстранат од своите платформи. Како причина за забраната беше наведена националната безбедност. Едно од можните решенија кои тогаш компанијата ги разгледуваше беше продажба на американскиот дел од операциите на американски партнер.

Повеќе компании покажаа интерес за купување на платформата IBM, Oracle, па дури и Walmart. Сепак изборот на TikTok беше на Microsoft. Кинеската друштвена мрежа го одбра креаторот на Windows за свој потенцијален партнер. Дел од причините беа логични, Microsoft има сервиси во облакот и нуди безбедносни услуги. Microsoft сметал дека TikTok е супер интересна компанија, но неодамна во говор на Code конференцијата директорот на Microsoft Сатја Надела откри дека преговорите со TikTok се најчудната работа во која бил вклучен.

На крај договорот никогаш не беше финализиран, а како една од причините за ова се и специјалните услови кои ги поставиле претставниците на  кабинетот на г. Трамп.

„Mислам дека претседателот Трамп имаше специфично гледиште за она што се обидуваше да го направи. Потоа само се откажав. Беше интересно. Имаше одредено време кога чувствував дека претставниците на власта имаат одреден сет на барања, а потоа тие едноставно исчезнаа“, вели г. Надела.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments