0 коментари 1 мин. читање

Научници создадоа соба во која магнетни полиња бежично ги полнат телефоните

Научниците од универзитет од Токио имаат осмислено бежична соба за полнење телефони. Имено, како си се шетате низ собата и работите најразлични активности, така вашите направи се полнат.

Според научниците се работи за специјално дизајнирана соба во која магнетните полиња се способни да создаваат до 50 вати, нешто што не може да им наштети на луѓето, но и тоа како може без проблем да го полни вашиот телефон. Подразбирливо, се работи за нешто што претпоставуваме дека е исклучително скап прототип кој со години и години би можел допрва да се усовршува.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top