TikTok сепак не е на продажба

ByteDance размислува да го повлече TikTok од американскиот пазар. Иако оваа недела дел од медиумите објавија дека ByteDance разгледува неколку понуди компанијата попрво ќе се повлече од САД отколку да ја продаде апликацијата со алгоритамот.

Причина за ова е што алгоритамот  на TikTok е клучен во повеќе операции на ByteDance, па компанијата нема да сака да го сподели со потенцијалниот купувач. Ова не значи дека се откажуваат од американскиот пазар, и ќе продолжат со правната битка. Сепак, ако дојде до избор, поблиску се до повлекување пренесе Guardian.

Изгледа помалку чудно, но изборот и не е премногу тежок. TikTok има над милијарда корисници, платформата е супер популарна, ама работи со загуба. Дополнително, за разлика од добар дел од сервисите, заработката на видео платформата во најголема мерка доаѓа од Кина. САД не само што немаат голема заработка, туку немаат ни многу корисници. Процената во ByteDance е дека напуштањето на САД е помал ризик од отворањето на алгоритамот. Во оваа насока е и процената дека само 5% од корисниците на TikTok доаѓаат од САД. Сепак на САД отпаѓаат 25% од глобалните приходи на TikTok.

Вo ByteDance се надеваат дека ќе успеат да го добијат судскиот спор и ќе го блокираат законот. Со тоа ќе биде спречено продавањето на друштвената мрежа и напуштањето на САД.

Нема продажба на алгоритамот

Покрај шпекулациите за продажбата на TikTok, изгледа неверојатно дека ByteDance ќе го продаде својот најголем адут. Алгоритмите на сите друштвени мрежи се чуваат во огромна тајност, па не е никакво изненадување што кинеската компанија не ни размислува во оваа насока.

Голема пречка во продажба на алгоритмите е што дел од другите производи на ByteDance ги користат истите. Една од овие апликации е Douyin, верзијата на TikTok која ја користат кинеските корисници.

Вадењето на алгоритамот од TikTok не е невозможно, но е комплексно, a не изгледа дека ByteDance воопшто размислува за ова. Дополнително најголем дел од цената на платформата доаѓа од алгоритамот. На пример, операциите на TikTok во Велика Британија се проценети на 100 милијарди долари со алгоритамот, но само помеѓу 30 и 40 милијарди без алгоритамот.

Со исклучок на алгоритмите, највредни делови на TikTok се корисничките податоци и операции и управување со производите, велат двајца од аналитичарите за Guardian.

Image by Nordskov Media / Flickr / CC0 1.0 DEED

САД бара продажба на TikTok

Оваа недела една од главните вести од светот на технологијата беше законот кој го потпиша претседателот на САД. Претходно законот беше изгласан во Сенатот, а потписот на Бајден беше најавен уште во март пред да започне расправата во Сенатот. Краен рок за продажба на платформата е 19 јануари 2025 година, еден ден пред истекот на мандатот на Џо Бајден. Сепак ако претседателот процени дека ByteDance работи на решавање на проблемот би можел да го продолжи периодот за три месеци.

Законот предвидува да му овозможи на BydeDance период од 9 месеци да најде купувач. Во март кога Домот на претставници го донесе предлогот за продажба на TikTok имаше шпекулации дека поранешниот државен секретар за финансии Стивен Мнучин е еден од заинтересираните купувачи на платформата.

Главна причина за инсистирањето за промена на сопственоста на TikTok е стравот дека милиони американци ќе бидат следени од непријателска држава. Од истата причина веројатно Кина никогаш нема да дозволи продажба на TikTok што би овозможило странска држава да има пристап барем до алгоритмите на Douyin.

Ова не е првпат TikTok да биде оспорен во САД. Во 2020 година претседателот Доналд Трамп побара забрана на TikTok, но забраната беше блокирана во судот.

Вредноста на ByteDance во декември 2023 година, беше проценета на 268 милијарди долари. За TikTok нема ваков податок, иако за само една година забележале 47 милиони преземања.

Кои држави би можеле да го забранат TikTok

Кога се во прашање забраните на TikTok веќе има повеќе кои не им дозволуваат на вработените во државните агенции и администрација да ја користат платформата. Секако САД е една од нив, но тука се и Обединетото Кралство, Канада и Нов Зеланд. Вработените во Европската комисија не смеат да ја користат платформата од службените телефони. Апликацијата од 2020 е забранета и во Индија.

Барем засега TikTok соработува со Европа и ќе треба да понуди поголема безбедност за податоците на корисниците. Во овој момент не изгледа дека друштвената мрежа ќе биде забранета во Европската Унија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments