0 коментари 1 мин. читање

Tie Dye на македонското гејминг студио Furious Avocado надмина и 100 милиони преземања

Пред околу 6 месеци првата видеоигра на македонското студио Furious Avocado, Tie Dye успеа да надмине 60 милиони преземања. Сега само неколку месеци подоцна, надминати се и 100 милиони преземања. Со ова Tie Dye ја помести границата на својот рекорд. Бројката од 100 милиони преземања е уште поимпресивна со оглед на тоа дека станува збор за прва игра на студиото.

Tie Dye е супер едноставна „hyper-casual“ видеоигра. Во текот на играњето играчот креира шари/декорации за маици, костими за капење, торби за плажа и слична облека, и ја надградува својата „продавница/работилница“ во играта. Furious Avocado постојано ја развиваат и надополнуваат играта што придонесува за огромниот интерес.

Студиото постои нешто повеќе од година и пол кога Наум Михајловски, Иво Нешковиќ, Бобан Стојчевски, Дамјан Михаилов, Томи Џуровски и Марио Ампов официјално започнаа да работат на сопствени игри. До бројката од 60 милиони корисници дојдоа за само четири месеци по издавањето на играта.

Tie Dye е достапна на двете најголеми продавници за апликации:

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top