1 коментар 1 мин. читање

Извлечете ги само луѓето или предметите од фотографиите со PhotoRoom

PhotoRoom e одлична iOS апликација која од неодамна е достапна и за Android. Со неа, можете да ги извлечете само луѓето или предметите од некоја фотографија и да ги поставите на некоја значително поинтересна позадина или ѕид во одредена боја. Апликацијата ги отстранува оригиналните позадини со само еден клик, а потоа автоматски ги истакнува само луѓето или предметите.

Бесплатната верзија на PhotoRoom поставува воден жиг за секоја модифицирана фотографија. Добро е тоа што водениот жиг воопшто не е наметлив и се наоѓа во долниот лев агол од сликите. Проблемот со бесплатната верзија е тоа што сите урнеци не се достапни и оние кои најмногу нѝ се допаднаа се заклучени зад платежен ѕид. Професионалната верзија на апликацијата чини нешто повеќе од 50 евра, но ем го отстранува водениот жиг ем ги отклучува сите урнеци (templates).

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top