0 коментари 1 мин. читање

Thermodo e додаток за паметни телефони кој ја мери температурата

Thermodo е додаток со температурен сензор за Android или iOS телефоните. Со додатокот телефоните ќе можат да ја покажат точната температура на воздухот. Кога сака да ја дознае температурата, корисникот треба да го приклучи сензорот во приклучокот за слушалки и да ја отчитаат температурата.

Цената на Thermodo е 30 долари за стандардната верзија и 45 долари за премиум верзијата која е изработена од алуминиум и изгледа превисока за уред кој само ја мери температурата. Доколку во иднина биде имплементиран барометар и мерач на влажост на воздухот може да биде и значително поинтересен. Засега изгледа далеку подобро(и поефтино) да се задржите на апликации кои ја покажуваат темературата во вашата близина.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top