0 коментари 1 мин. читање

Android ќе добие подобра апликација за камерата

Android 4.4.3 KitKat ќе доаѓа со значително подобра апликација за камерата. Google работи на апликација подолг период и веројатно е дека наскоро ќе биде презентирана, јавува Engadget. Апликацијата ќе биде достапна надвор од надградбата 4.4.3 за да може да се користи и на телефоните кои не се од Nexus серијата.

Новата апликација за камерата ќе доаѓа со нов кориснички интерфејс, можност за замаглување на позадината при фотографирање на портрети и подобрени панорамски фотографии. Според очекувањата камерата ќе доаѓа со можност за интегрирање на филтри, што ќе овозможи на девелоперите да креираат ефекти кои ќе може да се интегрираат во апликацијата. Апликацијата ќе овозможува и фотографирање на панорамски фотографии со голема резолуција како и фотосфера.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top