Дејв Карлсон е биткоин ентузијаст со прилично голема цел пред себе. Тој сака да „ископа“ 10 отсто од достапните дигитални монети си неговата опрема од 1,4 милиони BitFury чипови, и 5.000 мини-компјутери Raspberry Pi кои се користат за распоредување на оптоварувањето, делејќи го сообраќајот на секоја машина. За овој потек, г. Карсон има помош од својата MegaBigPower компанија со 10 вработени, но е одличен пример за тоа како мала група, со мали средства може да собере голем дел од крипто-монетите. Оваа операција му овозможила да собере дури 5.000 биткоини (и 1.100 кои се загубени со MtGox) чија вредност е околу 2,9 милиони долари.
„Сакаме најевтин комјутер, кој најмногу се произведува и има можност да се интегрира со другите компјутери. Има многу микро-компјутери, но Raspberry PI чини 40 долари“, објаснува г. Карсон за Ars Technica. „Агресивно градиме нови постројки на двете страни од светот и се обидуваме да го одржиме собирањето биткоини рамно, но ова не е едноставно, тежината на копањето нови монети расте експоненцијално, тешко е да градите нови постројки волку брзо.“
Во моментов MegaBigPower е сопственик на 5,6 отсто од процесирачката моќ која собира биткоини, наскоро ќе биде отворена трета постројка со 16 BitFury машини во Вашингтон, што ќе ја зголеми оваа бројка на 8 отсто.
[youtube]5CjldZLXiAU[/youtube]