The Sims 4: Get Famous e проширување кое ќе ги направи сим ликовите славни

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

The Sims 4 продолжува со претходно зацртаниот урнек од исфрлање експанзии кои, во одредена форма, веќе ги искусивме во двојката и тројката. Овој пат, вашите симс ликови ја имаат ексклузивната можност да ја искусат славата онака како што наликува.

The Sims 4: Get Famous е чистокрвна експанзија која воведува нова локација, кариера, како и предмети и облека на која ќе можете да ја трошите вашата тешко заработена дигитална валута.

Новата локација се вика Del Sol Valley и се одликува со две одделни станбени области, парк, ноќен клуб и други места за пополнување на вашето слободно време. Но, за да можете било што од ова да истражувате, првин ќе биде потребно да станете славни, а таквото нешто, воопшто нема да биде лесно. Вашите сим ликови треба да започнат кариера во глумење, да ги вежбаат нивните вештини, да ги следат трендовите низ социјалните мрежи и да работат во Plumbob Pictures.

Во The Sims 4: Get Famous ќе гостуваат и вистински славни личности, но за тие и многу други детали, од ЕА се изјаснија дека ќе мора да почекаме. Тоа не значи дека не можете веднаш да си ја нарачате играта, по цена од 40 евра.

Проширувањето излегува на 16.ноември.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments