The Outer Worlds 2: Подобра и поголема RPG авантура

во Вести

Првата The Outer Worlds успеја да се истакне како забележителен комерцијален и критички успех кој често, барем во поглед на квалитет, беше споредуван со Fallout: New Vegas (игра која, исто така беше направена од Obsidian). И покрај тоа што, нејзиниот развој беше дефиниран со ограничен буџет, играта беше пофалена во поглед на остроумното пишување и разгранетите дијалози.

Од друга страна, ниту критичарите ниту играчите не беа слепи и лесно ги идентификуваа полу-испечени шутер механики и плитките RPG системи, но, и покрај тоа, играта понуди ѓаволско добра забава, доволно добра забава за да може да загарантира продолжеток.

The Outer Worlds 2 е значително посилно животно кое, овојпат, не страда од АА синдромот и се појавува со целосно ААА педигре. Како резултат, продолжението испорачува подлабоко, поамбициозно и пореактивно искуство кое нема да можете така лесно да го заборавите.

Кои се Obsidian Entertainment?

Obsidian Entertainment е феноменално студио кое го следиме уште од формирањето во 2003-та година. Да, стари сме, но тоа не е важно. Она што е важно е тоа дека оваа студио не потфрли со ниедна игра.

Нивната репутација ја започнаа со правење одлични продолжувања, првин со KOTOR 2, а подоцна и со Neverwinter Nights 2 и, секако, Fallout: New Vegas. По успехот од овие продолжетоци, креативните умови зад студиото станаа гладни за малко поразлично препознавање, чувствувајќи силна потреба да имаат наслови со нивен уникатен жиг.

Многумина ќе се сложат дека Pillars of Eternity беше серијалот кој им го дозволи тоа. Оваа cRPG игра понуди комплексни системи и длабока наративна вредност, нудејќи незаборавно искуство на сите фанови на овој жанр.

Нинвата претходна игра, Avowed е сместена во светот на Ејора, припаѓајќи на истиот универзум како Pillars of Eternity.

Нова екипа, ново оружје… нова колонија!

The Outer Worlds 2 ви дозволува да се втурнете во богатиот, сатиричен универзум со нов протагонист и премиса. Овојпат, вие сте криогенски суспендиран агент кој има за цел да стави крај на мистериозни и смртоносни просторни аномалии кои се закануваат да ја уништат колонијата. За брзо време, ќе ви се открие препознатлива наративната структура која е класична фракциска војна во стилот на Obsidian, правејќи да е апсолутно невозможно да не ја директно споредувате со Fallout: New Vegas. Имено, трите главни фракции се борат за контрола на системот и судбината на процепите.

Тимот ги има мајсторски разработено меѓусебните конфликти, со квалитетно напишани дијалози и озбилни последици доколку кажете или направите нешто што се коси со агендата на фракциите. Втората работа што ќе ја забележите е тоа што темниот анти-капиталистички хумор, иако присутен, се наоѓа во значително приземена форма, а шашавата и несериозна природа се чини значително разблежена или целосно искоренета. Ова воопшто не е лоша работа и допринесува да уште посилна имерзија и вовлекување во еден значително поверодостоен свет.

Најзначајните промени во The Outer Worlds 2 се раздлапочените RPG механик и новиот систем со вежтини. Со 12 примарни вештини, станува математички невозможно да се совлада сè, правејќи ја вашата инвестиција од позначаен карактер, барајќи од вас внимателно да размислувате во кој аспект сакате да специјализирате, а кој целосно да го занемарите.  Како резултат, добивате поавтентично CRPG искуство кое е директно вкоренето не само во вашите пасивни и статистички способности, туку и во начините со кои ги водите дијалозите.

Паралелно со RPG системот, акционите механики се исто така модернизирани и замислени да привлечат што е можно поширока публика. Па така, ќе наидете на позатегнат борбен систем, со пофлуидни анимации кои лесно може да ве потсетат на најдобрите моменти од Destiny 2. Пресметките се дополнително зајакнати со поголема флексибилност при движење, нешто што е поддржано со лизгање на подот, качување преку препреки и двоен скок. На располагање имате и корисни тактички гаџети, како што е забавување на времето, штит за апсорпција на штета и скенер за гледање низ ѕидови. Користењето на гаџетите доаѓа со цена и исклучително себично ја цицаат вашата енергија која, пак е повзана со вештината наука.

Паралелно со ова, The Outer Worlds 2 целосно ги има отстрането механиките за издржливост на предметите и ограничувањата на тежината. Ќе наидете и на пријатни промени и во поглед на вашите придружниците. Не, пред да прашате, нема да имате опција да навлезете во љубовна врска со некои од нив, но ќе можете подлабоко да се фокусирате на системска и последична длабочина. Секој од шесте нови придружници сега има целосно дрво од 12 уникатни перкови (наспроти само три во оригиналот), а нивните лични мисии имаат разгранети патеки или исходи, вклучувајќи ја и можноста за нивна трајна смрт како последица на некој ваш погрешен избор.

За визуелната убавина, The Outer Worlds 2 целосно се потпира врз Unreal Engine 5. Како резултат, играта е значително побрена и се одликува со преубави околини кои се ем огромни е полни со визуелни елементи. Ретро-футуристичката естетика дефинитивно е задржана, но сега дополнително се истакнува со елементи инспирирани од Првата светска војна. Нашето искуство беше задоволително, со стабилни перформанси, но имаме забележано дека PC портот е скаран со одредени процесори и може да настане драма доколку се спомене компилација на шејдери или пак ray tracing.  

Поголем и подобар?

Кога ќе се земат во предвид сите овие работи, The Outer Worlds 2 не може, а да не се истакне како незаборавно трансформативно продолжение кое целосно успева во својата систематска мисија да ги идентификува и реши главните критики за првата игра. Помалиот брат целосно го засенува поголемиот, нудејќи длабоко и богато искуство каде што принудната специјализација и трајните избори создаваат една од најреактивните светови.

Кога на ова ќе додадете флуидна, модерна борба и прекраснен, крајно детален и уникатен свет, добивате зашеметувачки вкусен коктел од интерактивна забава. Во случај да сте фанови на квалитетни, класични RPG игри, тогаш The Outer Worlds 2, повторуваме, успешно го исполнува своето ветување да биде поголем и подобар, етаблирајќи се како вистински наследник на New Vegas, нешто што најдобро се одгледа во механичката длабочина и длабоката посветеност на вашите избори.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Obsidian Entertainment
  • Издава: Xbox Game Studios
  • Жанр: RPG
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на:  29 октомври 2025

Прочитајте и за претходната игра на Obsidian – Awoved!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk