The Novelist e игра за животот и изборите кои ги правиме

во Софтвер

The Novelist е видео игра која ќе се обиде да ве натера да ги заборавите оружјето, крвавите сцени и насилството, и наместо тоа ќе ве натера да размислувате за работите кои се важни во животот. Автор на играта е Кент Хадсон, познат по своите остварувања BioShock 2 и Deus Ex: Invisible War. Иако без сомневање блокбастери, сепак познатиот дизајнер не беше креативно исполнет од работата на овие наслови, па пред две години го напушти студиото и започна со инди насловот.

[youtube]_m7rmb3QrN8[/youtube]

Целта на играта е да го избалансирате приватниот и професионалниот живот на Ден Каплан, писател кој работи на најважната книга во кариерата. Ако го оставите Ден постојано да пишува ќе страдаат неговиот однос со г-ѓа. Каплан и со син му. Ако се посветите на некоја од работите другите две ќе страдаат, па ќе биде потребно да го пронајдете совршениот баланс за да го направите Ден успешен. Но играчот не го контролира Ден, наместо ова играте со дух кој живее во куќата, можете да набљудувате или да манипулирате со настаните. Покрај ова во текот на играњето мора да останете незабележителни, за да не ги исплашите Ден и неговата фамилија.

„Играта нема победа или пораз, ја играте и ја добивате приказната и мојата надеж дека во било кој од деветте начини на кои може да заврши играта, си ги поставувате истите егзистенцијални прашања, дека почнувате да го осознавате сопствените вредности…“, вели креаторот на играта во интервју за Kotaku.

Ако сте заинтересирани веќе може да ја нарачате играта која е во претпродажба. Таа чини 15 долари, а по се изгледа дека во Македонија играта ќе биде достапна по издавањето и тоа единствено преку Steam. The Novelist ќе биде достапна пред крајот на летото.

[youtube]_l9X0C7lRdc[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments