The Mobius Machine е предизвикувачки платформер со загатки и акција

Од она што успеавме да го видиме до сега, The Mobius Machine се чини како многу повеќе од стандардна дводимензионална авантура.

Играта доаѓа како пријатно изненадување од развојното студио кое претходно беше познато по забавни city builder-и, првин со вселенска тема (Planetbase), а потоа и со праисториска (Dawn of Man). Како трета игра, развојното студио Madruga Works запливува во малку поразлични води и комбинира елементи на Metroidvania истражување со силно чувство на истражување и side scroller акција.

Во потрага по непознатото

The Mobius Machine се одликува со огромен и детално разработен свет, со најразлични локации. Некои од местата се одвиваат под вода, со што се воведуваат поразлични механики за напредување и спротивставување на непријателите.

The Mobius Machine се чини како предизвикувачка игра каде треба да внимавате на вашето опкружување и позицијата на непријателите. Дополнително, се чини од клучна важност и како им пристапувате на непријателите, како ги напаѓате или пак како ги избегнувате нивните проектили.

За поефикасно издвојување победа, во кој било момент ќе имате две оружја, а и ќе можете да користите опрема која ќе ве прави да се движите поразлично.

Благодарение на ова, ќе можете да влезете во области кои претходно не ви биле достапни. Имено, одредена опрема ќе ви дозволи да се качувате по ѕидови, да се телепортирате на помали далечини, да лебдите или пак да се нурнете во водени длабочини.

Се очекува The Mobius Machine да излезе на Steam и конзолите на 1 март. Доколку имате PS5, можете веднаш да го проверите демото за играта.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Madruga Works
  • Издава: Madruga Works
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 1 март 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments