The Culling: Origins излезе и е бесплатна за играње

во гејминг

Како што неодамна ве известивме преку еден од нашите гејминг извештаи, работата на The Culling 2 беше откажана откако играчите станаа разбеснети од концептот на The Culling 2, до таа мера да играта никој не ја играше уште во првата недела од нејзиното излегување. Поради тоа, студиото зад играта вети дека ќе ги засука ракавите и ќе се врати на развојот на оригиналната The Culling.

The Culling: Origins излезе како дел од раниот пристап на Steam и е всушност она што беше Culling на самиот почеток. Играта оди во малку поразличен уметнички правец, со нови дизајни, нов начин за собирање искуство и надградување, како и нови оружја и моќности за социјализација. Со оглед на тоа дека играта е бесплатна, на располагање имате и бројни можности за трошење пари на кутии за плен. Таканаречените Cull Crates се доделуваат и по секое зголемување на вашето ниво и содржат четири предмети или валути за купување работи од козметичка вредност. Со одредени валути кои ги добивате во играта исто така можете да ги купувате ваквите кутии со плен, но најбрзиот начин е посегнување по паричникот, нешто што никако не би можеле да ви препорачаме затоа што студиото Xaviant многу изгуби во очите на фановите.

Сите оние кои ја купиле оригиналната The Culling добиваат Original Gangster пакет од костими, 1000 токени за купување од продавницата, неколку нови изгледи за оружја, две Culling карти и четири кутии со плен. Овој пакет ќе се продава подоцна и како DLC, за онаа цена по која се продаваше оригиналната The Culling.

Моментно, The Culling има 59% позитивни рецензии на Steam.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk