0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2017

Tesla во јули започнува со испораката на Model 3

Првите 30 Model 3 возила на Tesla ќе бидат испорачани во јули. Компанијата јави дека на 28 јули ќе тргнат првите возила кон своите нови сопственици. Производството ќе расте, и во декември ќе бидат испорачувани по 20.000 возила дневно, пренесе Engadget.

Брзината на производство на возилата никогаш не била предност на Tesla. Сега компанијата се надева дека секој месец до декември значително ќе го зголемува производството, до 20.000 возила. Целта е во 2018 година оваа бројка да се дуплира и компанијата да започне со производство на 10.000 возила неделно.

Model 3 е возилото со кое компанијата ќе се обиде да го освои пазарот. За разлика од сите претходни модели, овој чини околу 35.000 долари. Цената зависи од додатоците, а во просек првите 400.000 возила се продадени за 42.000 долари. За прв пат возилото можат го купат поголем број на корисници, за кои досега превисоката цена беше пречка.

Tesla ќе ги награди верните корисници. Првите произведени Model 3 возила ќе одат кај сопствениците на Model S и Model X. Потоа компанијата ќе започне и со испорака до сите, во зависност од тоа кој кога ги нарачал возилата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top