0 коментари 3 мин. читање 3 јули, 2017

Зошто македонските ИТ-компании не притискаат за програмирање во училиштата?

Програмирањето ќе биде една од најбараните вештини на пазарот на трудот. Ова нема да важи само за ИТ-компаниите, туку и за сите останати сектори.

Новата опрема веќе доаѓа со сопствен софтвер. Болниците и фабриките ќе имаат подеднаква потреба од софтверски инженери како и ИТ-компаниите. Поради ова дури и лидерите на технолошките компании во САД се вклучија во организирање на притисок за воведување на програмирање во училиштата. Code.org е иницијатива која е поддржана и на која соработуваат компании кои инаку се конкуренти. Microsoft, Facebook, Google се дел од поддржувачите на оваа иницијатива. Бил Гејтс, Џек Дорси, Марк Закерберг и Гејб Њуел се дел од заштитните лица на Code.org.

„Програмирањето треба да биде присутно во сите јавни училишта“, вели Тим Кук.

Во Македонија недостасува организирање на компаниите. Дел од компаниите имаат некакви иницијативи. Пример, Seavus има академија за програмирање наменета за децата. Она што недостасува е заеднички и организиран притисок од компаниите кон институциите. Ова не важи единствено за ит-секторот, куп компании постојано бараат: SCADA експерти или луѓе со некакво информатичко познавање. Во светски рамки, половина од работните места за ит-кадар, не се во традиционалните ит-компании. Финансии, производство и здравство отвораат половина од новите работни места за програмерите, вели FastCompany.

Овие компании мора да излезат и да побараат пошироко изучување на областите кои им се потребни. Иако можат да ги прескокнат институциите и да започнат да преговараат директно со образовните институции. Институциите од друга страна би морале да се консултираат со индустријата за нивните потреби.

Дури и во случај кога на изглед и не е потребно програмирање, значително се поедноставуваат некои работи. Сè што може целосно или делумно, би можело да се заврши и побрзо, и  покреативно со кодирање.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top