Tesla Motors најави дека сите автомобили ќе бидат способни за автономно возење до крајот на 2017

во Свет, Хардвер

Image courtesy of Tesla

Илон Маск најави дека ќе има големо соопштение на 17 октомври. Ова за жал не се оствари и настанот се одложи. Но, компанијата денес соопшти дека сите следни возила на Tesla Motors ќе бидат подготвени за 5-нивоа на автономија.

„Возбудени сме да објавиме дека сите возила, вклучувајќи го и Tesla Model 3, ќе го имаат потребниот хардвер за да можат самостојно да возат. Безбедноста ќе биде значително поголема отколку ако возачот е човек.“, објави Tesla на својот блог.

Системот доаѓа со 8 камери кои овозможуваат и 12 ултрасонични сензори за подобро препознавање како на цврсти така и на меки препреки на патот. Возилото доаѓа со подобро процесирање на сигналите од предниот радар, што овозможува прибирање на повеќе податоци од околината. Подобрен е и компјутерот кој сега е 40 пати побрз.

Tesla Model S се полни на 120kW Supercharger станица (© Tesla.com)

Tesla Model S се полни на 120kW Supercharger станица (© Tesla.com)

Иако возилата го имаат потребниот хардвер за 5-нивоа за автономија, ова не значи дека возилата веднаш и ќе бидат автономни. Компанијата најави дека сè уште ги тестираат возилата. Новиот систем не е целосно прилагоден на сегашниот па дел од функционалноста од системот нема да биде достапна на следната генерација.

Целта на компанијата е возилата да бидат способни за потполна автономија до крајот на 2017.

Што значи 5-нивоа на автономија?

Автомобилите според можностите се поделени во пет класи на автономија:

Нулто ниво

Возило без никакво ниво на автономија. Најголем дел од автомобилите во Европа се со ова ниво на автономија.

Прво ниво

Возила со можност за одржување на константна брзина.

Второ ниво

Освен константна брзина возилото може да му помогне на возачот и со забавување, асистирање за останување во лента и слично. Сепак најголем дел од задачите се во рацете на возачот.

Трето ниво

Компјутерот на возилото е способен да направи одлуки. Возилото може да преземе контрола за да избегне сообраќајна незгода, може да одбере помеѓу забавување и запирање и промена на лента и забрзување.

Четврто ниво

Возилото е потполно способно за управување и возење без човек. Возилото може да го однесе патникот на посакуваната дестинација, но возењето мора да биде на безбедно место.

Петто ниво

Потполна автономија. Возачот е непотребен, автомобилот нема волан и педали. Ентериерот на автомобилот е креиран за поудобно искуство.

Засега нема премногу компании кои се подготвени ниту за трето ниво на автономија. За споредба, Audi најавува дека A7 ќе биде со 3-ниво на слобода и ќе биде достапно во следните 5 години. Ford најавува дека до 2020 ќе креира потполно автономни возила. Сепак засега најдалеку се Google кои подолго време тестираат возила со четврто ниво на автономија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments