1 коментар 1 мин. читање

Tesla има две презентации во октомври, првата е изненадување

„Продукт на Tesla ќе биде презентиран на 17. октомври (неочекуван за многумина), следен од Tesla/SolarCity настан на 28. октомври.“, најави Елон Маск.

Изненадувањето е првиот настан кој не е очекуван, а дополнително ниту мистериозната објава на г. Маск не помага со податоци. Најголема е веројатноста дека компанијата ќе презентира 2.0 верзија на авто-пилотот, но можност е дека компанијата ќе го презентира и новиот Model 3.

Засега презентацијaта останува тајна и предмет на безбројни шпекулации, но не е исклучено и дека Tesla може да објави дека започнува поотворени тестови на автонoмните возила. Можна е и надградба на хардверот на радарот на возилата кој мора да биде подобар за целосна автономија, јави Recode.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top