Илон Маск, основачот на Tesla Motors, објави дека другите производители на автомобили можат слободно да ја користат нивната технологија за електрични автомобили. Tesla ќе им ја отстапи технологијата бесплатно, и нема да презема легални мерки за користење на патентираната технологија.
Звучи чудно што некоја компанија ќе отстапи супериорна технологија, но можеби г. Маск има грижа на совест бидејќи неговата технологија е всушност изум продукт на легендарниот Никола Тесла, за кој не плаќа надоместок, ниту пак плаќа што го користи неговото име за својот бренд. Добрата волја на г. Маск е мотивирана и со револуционизирање на автомобилизмот со промовирање на електричните возила кои имаат мал удел од 1% во глобалната продажба на возила. Во својот пост, тој вели дека целта му е да помогне во промоцијата на електричните возила, и, секако, да го спаси светот, како што доликува на човек кој се нарекува „вистински Тони Старк“.
[youtube]fkm00ZffzNM[/youtube]







