Најголемиот недостаток на паметните телефони е секако краткотрајната батерија. Зависно од користењето – дали само го користите за разговори или пак користите куп различни апликации и пуш имејл клиенти, батериите можат да траат од половина до два дена, што е неверојатно кратко време за уред кој ви е неопходен.
„Моја мисија беше да да ги откријам специфичните причини поради кои се празни батеријата на iOS. Оваа статија е продукт на години на истражување и докази кои ги собирав во стотиците среби додека работев во Genius Bar како Genius и iOS техничар, како и тестирање на моите уреди и уредите на моите пријатели“, вели Скот Лавлес поранешен вработен во Apple на својот блог споделувајќи низа интересни совети.
Главниот совет кој го препорачува г. Лавлес е дека најчесто батеријата ја трошат апликациите и сервисите кои постојано се конектираат на Интернет, како на пример сервис за проверка на електронска пошта. Гасењето на Background Refresh на апликациите кои често го прават ова може значително да го продолжи периодот помеѓу полнењата значително.
„Ги исклучив локациските сервиси и рефрешот на Facebook, батеријата скокна од 12 на 17 отсто“, вели г. Лавлес. Дел од советите никогаш не би ги погодиле доколку немате подолготрајно искуство, на пример: погрешна е претставата дека треба да се затвораат апликации бидејќи работат во позадина. Повторното отворање на апликацијата и вчитувањето во меморијата на телефонот всушност повеќе ја оптоварува батеријата и телефонот, а доколку е потребна меморијата iOS автоматски ги затвора апликациите кои работат во позадина. За останатите совети посетете го блогот на г.Лавлес!
http://www.iclarified.com/34456/how-to-tweak-ios-…