ИТ настан само за девојки: Kако да започнете свој стартап?

0 коментари 1 мин. читање

Директорката на NewMan’s Business Accelerator, Ирена Чаушевска, организира бесплатни обуки за сите девојки од 18 до 26 години кои се заинтересирани да започнат сопствена компанија. Целта на предавањата е да се зголеми застапеноста на девојките како основачи на компании и технолошки стартапи. Во моментов односот помеѓу мажи и жени е 90 отсто наспроти 10 отсто во корист на мажите, иако статистиката покажува дека кога е во прашање успехот на инвестициите, жените се двапати поуспешни од мажите. Сите заинтересирани девојки можат веќе да се пријават и да се информираат за предизвиците со кои сите се соочуваат при отворање на стартапи. Настанот е најавен за секој петок.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед