{mosimage} 77 отсто од Facebook Fan профилите имаат помалку од 1000 фанови, покажува истражувањето на Sysomos кое опфатило околу 600.000 фан страни. Facebook Fan страните се различни од приватните профили бидејќи се јавни и најчесто се користат од и за промовирање на брендови.
Според истражувањето на Sysomos, 5 отсто од фан страните имаат помалку од 10 фанoви, 77 отсто имаат помалку од 1.000 фанови, а мал број, 23 отсто имаат над 1.000 фанови (вклучувајќи ja и нашата), а 4 отсто имаат над 10.000 фанови. Само 4500 фан страни имаат над 100.000 фанови, а само 297 имаат над 1 милион.
Најпопуларeн на Facebook е Мајкл Џексон со над 10 милиони фанови, по неgo следуваат актерот Вин Дизел и американскиот претседател Барак Обама.
{mosimage}
Во истражувањето се вели дека постирањето не е поврзано со популарноста на една група. Токму тоа се покажува и со фан групата „Скопско“, каде профилот иако е неофицијален и нема постови, има над 30.000 члена што е најпопуларната македонска фан група за бренд. Најпопуларната група мислам дека е „Сакам да спијам уште 5 минути“ со 32.800+ члена. Најпопуларна групa е „!!!!Ajde makedonci da vidime kolku ne ima na FB!!!!“ со над 40.000 члена. Линк во коментарот на Александар подолу. (Бидејќи е тешко да се најде најпопуларната група на друштвената мрежа, ако има некоја повеќе од 32.000 фанови пишете во коментарите ќе поправиме.
{mosimage}






