0 коментари 2 мин. читање 28 мај, 2013

Tенисер на сред меч сликаше со iPhone за да ја оспори судиската одлука

Украинскиот тенисер Сергеј Стаковски го прекина тенискиот меч со Ричард Гаскет за да ја сподели со своите Twitter фанови спорната одлука на линискиот судија. Тенисерот го прекина мечот на French Open: Roland Garros, за со својот iPhone да го фотографира трагот кој топчето го оставило во глината.

„Верувам дека беше лоша одлука. На крај на краиштата играме на цигла каде можете јасно да го видите отпечатокот.“, вели тенисерот објаснувајќи ја својата одлука.

Спорниот момент од натпреварот се случи во првиот сет, кога линискиот судија тврдеше дека топката излегла надвор од теренот, тенисерот не го делеше ова мислење, па го прекина мечот и отиде да го фотографира со својот iPhone. Мечот заврши во корист на Гаскет, а најверојатно ќе биде забележан единствено по фотографирањето. Интересно SMH известува дека ова не прв пат Стаковски да го користи својот iPhone на ваков начин. Неодамна тој го направил истото и минатиот месец на турнирот во Минхен. Сепак тогаш стануваше збор за турнир од понизок ранг.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top