Една од подобрите игри за средновековни пресметки одеднаш стана бесплатна на Steam!
Во случај да немате можност да ја пробате For Honor, но имате желба да искусите уникатен борбен систем со ладни оружја, Chivalry: Medieval Warfare е играта за вас! Со над 60 брутални оружја ќе можете да ги прилагодувате вашите напади и одбрани со огромна прецизност и да добиете целосна контрола во бојното поле. Динамичниот систем за цели ви дозволува да се вовлечете во најразлични мисии како и да користите најразлични средновековни направи за опсада, од катапулти, преку врело масло, па сѐ до балисти и ударни огнови.
Од излегувањето на играта, на 22 март 2017 година, Chivalry: Medieval Warfare собра над 84% позитивни рецензии (од над 50.000 гласови) и има 79 поени на Metascore. Видните рецензенти ја оценија играта како едноставно, но длабоко искуство со мултиплеер кој предизвикува огромна зависност.

Chivalry: Medieval Warfare, меѓутоа, нема вечно да е бесплатна и имате до 28 март, 19:00 часот, да ја додадете на вашиот Steam акаунт. Претпоставуваме дека авторите ја нудат играта бесплатно од две причини. Првин, да ја обноват нивната база од играчи затоа што сјајот на оваа игра значително бледи кога нема кој да го исполни бојното поле. Втората, многу поважна причина, е промовирање на новата игра на студиото. Mirage: Arcane Warfare излегува на 23 мај и ви дозволува да го проширите вашиот убиствен арсенал од ладни оружја и со магии, во свет кој е на работ на безмилосна граѓанска војна.







