0 коментари 2 мин. читање 18 јануари, 2013

Телевизиите ќе ни ги земат правата, затоа ќе креираме онлајн шоу, велат Cyanide and Happiness

Популарниот веб стрип Cyanide & Happiness нема да биде телевизиско шоу бидејќи авторите не сакаат да ги предадат авторските права. Сепак има и добри вести за фановите, креаторiте на Cyanide and Happiness ќе се обратат до својата публикa и преку Kickstarter ќе побараат средства за реализација на своето шоу.

„Почнуваме да сфаќаме дека телевизиската индустрија не е вистинскиот избор за она што ние сакаме да го направиме со нашите анимации: дистрибуција до широка поблика, нешто што го правиме со нашите стрипови изминатите осум години. Тоа е природата на телевизијата против интернет претпоставувам.“, пишува авторот на Cyanide & Happiness, Крис Вилсон.

Ова е трета понуда која ја одбиваат авторите на стрипот, пред се поради несогласувања околу  прашањата кој ќе ги има правата и контрола на содржините. Овој пат авторите не се откажуваат од идејата за телевисиско шоу, само што нивниот избор е шоуто да биде без телевизиски мрежи и регионални ограничувања.

„Можноста за нецензурирано и непроменето шоу и негово претставување директно на фановите е неверојатна можност. Навистина сме возбудени да видиме до каде ќе можеме да го однесеме овој проект.“

Најавата е дека Kickstarter проектот ќе биде најавен во следните неколку недели, а вестите кога ќе започнат Kickstarter донациите и кога ќе се соберат средствата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top