Нема да може да се скриете од пребарувањето на Facebook

Корисниците на Facebook повеќе нема до може да се сокријат од пребарувањата на друштвената мрежа. Пред се поради тоа што Graph Search функционира така што пребарува по профилите.

„Кога криете постови ќе мора да имате во предвид дека го правите тоа на вашиот тајмлајн, постовите сепак ќе бидат видливи на страните на вашите пријатели или во пребарувањето. Иако можете да ја ограничите публиката која ја гледа содржината која ја објавувате.“, потсетува Quartz на новите услови за користење на Facebook.

Засега само едноцифрен борј на корисници одбрале да не бидат прикажани во пребарувањата, вели Сем Лесин во интервју за New York Times. Сепак за мрежа која има милијарда корисници овој број е од 10 до 100 милиони корисници. До неодамна корисниците на Fаcebook можеа да одберат никој да нема пристап до нивните податоци освен пријателите. Се претпоставува дека кога „graph search“ ќе стане достапен за сите, профилите кои досега беа скриени ќе почнат да се појавуваат во пребарувањата.

Ова нема да биде прв пат Facebook да ја загрози приватноста на своите корисници. FTC (Federal Trade Commision) заклучи дека нагодувањата за приватност на социјалната мрежа не секогаш се почитуваат и содржините можеа да бидат видени од корисници на кои тоа не им е дозволено. Засега има листа на чекање за користење на пребарувањето, па не можевме да се увериме во резултатите,  но оваа статија на Gizmodo ќе ви даде претстава во какви пребарувања може да се појави вашиот Facebook профил.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments