Nokia ги објави 3Д шемите за Lumia 820, сака корисниците сами да си принтаат покривки

во Мобилни, Хардвер

Nokia ги објави 3Д шемите за Lumia 820 за да можат корисниците сами да си креираат покривка според својата омилена боја или украс. Целта на Nokia е да ја реплицира популарноста на 15 години стариот модел 5110 чии обоени покривки се заменуваа и даваа неунифициран изглед на телефонот.

Nokia сака да им дозволува на корисниците само да го дизајнираат телефонот (или барем мал дел од него), а тоа станува возможно со се попристапната технологија за ЗД принтање. Принтерите чинат oд 400 до 2.000 долари, и иако за просечен корисник нема потреба да фрли толку пари за една покривка, за бизнисите кои креираат додатоци за мобилни ова е одлична прилика да заработат екстра приходи од персонализирани и уникатни покривки. Иако Nokia е првата компанија која официјално објави 3Д шеми, сепак на интернет до сега можеа да се најдат шеми за покривка за iPhone и други телефони. Но, тие покривки не се дел од телефонот, како што се покривките за Lumia.

„Можеби како додаток на нашите убаво дизајнирани телефони, ќе може да продаваме некои темплејти за телефони, и претприемачите ширум светот ќе можат да изградат локални бизниси на креирање телефони според неговите потреби или потребите на локалната заедница. Сакате водо-отпорен телефон што свети во темнина со отварач за пиво и соларен полнач? Некој ќе може да го направи тоа за вас или пак вие самите ќе може да го испринатате.“, вели Nokia на својот блог.

Финскиот гигант најави дека ова е само почеток на „персонализацијата“ на нивните телефони, и најави дека ќе бидат објавени уште 3Д шеми и спецификации (или 3D-printing Development Kit -3DK), како и препoрачливи материјали и туторијали како да се испринтаат покривки за други модели.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk