0 коментари 3 мин. читање 16 април, 2014

Aнархисти бараат 3 милијарди долари од Google бидејќи го уништуваат Сан Франциско

По се изгледа дека не сите во Сан Франциско се воодушевени од Google, неодамна пред куќата на главниот инженер од проектот за автономен автомобил, Ентони Левандовски, демонстранти го изразија своето незадоволство од компанијата со транспарент „Иднината на Google запира овде“. Протестите не застанаа тука. Групата испрати флаерот, потпишани со the Counterforce, до соседите на г. Левандовски во која тврдат дека „Луѓето како Левандовски ги гентрификуваат населбите, го преплавувааат пазарот со штетни уреди и креираат структура на незамислив тоталитаризам“. И пред појавата на организирани демонстранти, вработените во техничките стартапите не беа омилени бидејќи дел од граѓаните ги обвинуваат да подигање на цената на киријата и трошоците за живот во градот.

Г. Левандовски не е единствениот кој има проблеми, демонстранти неодамна го посетија и основачот на Digg, Кевин Роуз. „Вашиот балон само што не пукнал, вашиот Google сега ни припаѓа нас“ и од г-ѓа Роуз која ја отвори вратата побараа „интерфејс“ со г. Роуз, кој е дел од Google Ventures. Во разговорот со него ја обвинија компанијата за креирање робови – „Креирате пет работни места за луѓе кој седат во… собата и вежбаат јога“, вели еден од демонстрантите во видео кое го споделија со The Verge.

Counterforce испрати барање до Google за 3 милијарди долари за градење анархистички колонии во Северна Калифорнија кои ќе го решат проблемот со становите. Дека Google не е единствена компанија со проблеми покажува и појавата на нива група во Сиетл, која започна да го запира автобусите и комбињата кои ги превезуваат вработените во Amazon, а цел на напад се и вработените на Yahoo.

„Подгответе се за револуција која ниту вие ниту ние можеме да ја контролираме, револуција која ќе се прошири на сите сиромашни, ескплоатирани и деградирани членови на ова ново техничко општество, а ќе биде насочена против вашите лоши оодлуки и недоговорни активности… Ве советуваме да не сватите сериозно“, вели групата во отворено писмо до Google.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top