Технологија која ќе експлодира во 2023: Вештачка интелигенција која генерира слики

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Софтвер

Моделите на вештачка интелигенција кои креираат слики од едноставни текстуални барања веќе се супер интересни за корисниците. Во 2023 година оваа технологија би можела да доживее „експлозија“ според предидувањата на MIT Technology Review, кој ја стави вештачката интелигенција што црта на листата највлијателни технологии во моментов. Една од причините за ова е што алатките кои со помош на вештачка интелигенција креираат слики веќе успеаа да најдат некаква реална примена. Најголемо влијание во интересот за вештачка интелигенција која генерира слики e благодарение на DALL-E 2.

Midjourney – robot van gogh
Midjourney – robot van gogh

DALL-E е креиран на крајот на 2021 од мал тим на истражувачи од Сан Франциско. Тие креираа модел на вештачка интелигенција базиран на OpenAI кој можеше да креира слики од внесен текст. Сепак вистинските можност на технологија не можевме да ги видиме до април 2022 година, кога тимот ја претстави втората верзија на технологијата DALL-E 2. За само два и пол месеци, 1 милион корисници започнаа да генерираат слики со вештачката интелигенција. Користењето е едноставно. Се внесува текстуален опис, а DALL-E црта слика врз база на описот.

Midjourney – Young wizard

Наскоро се појавија куп конкуренти, Google го лансираше Imagen, Midjourney ја претстави истоимената вештачка интелигенција, a британскиот стартап Stability AI го претстави веројатно најголемиот конкурент Stable Diffusion. Само Midjourney има над 10 милиони корисници на Discord каналот на кој и се креираат сликите.

Раст на вештачката интелигенција за генерирање на слики

Stable Diffusion излезе во август и речиси веднаш стана хит. За неговото користење нема никакви ограничувања и сосем е бесплатен. Најголема предност на Stable Diffusion не е само квалитетот на сликите. Технологијата е креирана да може да работи и на подобрите домашни компјутери. За користење дома потребна е нешто подобра графичка картичка од Nvidia или AMD која доаѓа со барем 6GB меморија. Технологијата е со отворен код. Достапна е за преземање од Github.

DALL-E 2 – Pirate video game protagonist
DALL-E 2 – Futuristic video game protagonist

Благодарение на ова милиони корисници креираа десетици милиони слики. Сликите генерирани од вештачка интелигенција ги преплавија сите платформи. Во декември корисниците на ArtStation – можеби најпопуларниот сајт за портфолија за уметници револтирани од однесувањето на Epic Games, ја преполнија платформата со слика на пречкртани букви „AI“. Главната причина за протестот беа портфолија на платформата полни со слики генерирани од вештачка интелигенција.

Epic Games не успеа да одговори на барањата на корисниците и да ги заштити од поплавата на генерирани слики. Компанијата одговори дека правилата за користење не забрануваат користење на слики генерирани од вештачка интелигенција. Epic Games промени дел од правилата и им овозможи на корисниците да забранат нивните слики да се користат за тренинг на вештачката интелигенција. Во ЧПП сега пишува дека користењето на сликите за тренинг на вештачка интелигенција може да биде нарушување на интелектуалната сопственост на корисниците. Дел од корисниците кои протестираа не се задоволни од одговорот и бараат барем јасно одбележување на сите слики генерирани од вештачка интелигенција.

DALL-E 2 – Young wizard realistic photo
DALL-E 2 – Young wizard realistic photo

Отворени прашања, но технологијата не чека никого

Напредокот на вештачката интелигенција за генерирање на слики отвори уште едно интересно прашање: „Коj ги поседува правата за сликите генерирани од вештачка интелигенција?“. Одговорот во моментов е дека креаторите на вештачка интелигенција одредуваат кој ги има правата на делото. Според правилата за користење на DALL-E корисникот е сопственик на „текстот“ кој ја генерира сликата, и сѐ што ќе аплоудува на платформата.  Сервисот им гарантира на своите корисници дека можат да ја користат секоја содржина. Имаат право да ја комерцијализираат, репродуцираат, продаваат, и заработуваат од генреираната содржина. Сепак авторските права за сликите се во сопственост на Open AI.

Користењето на вештачка интелигенција за уредување на слики сега е дел и од софтверските алатки на Adobe. Photoshop доаѓа со филтри кои значително ја олеснуваат работата. Графичките дизајнери и уметниците веќе се обидуваат да пронајдат начини како со помош на вештачката интелигенција да го забрзаат развојот на видеоигри или филмови.

Иако засега кога се споменува вештачка интелигенција за генерирање слики веднаш помислуваме на слика, неколку истражувачи и компании, помеѓу кои и Google и Meta, веќе имаат и технологија која може да генерира и видео. Се чини дека е само прашање на време кога ќе може како барање да внесеме сценарио, а ќе добиеме филм.

Ако ве интересира темата, посетете го форумот во темите: Ваши AI синтетизирани слики или DALL-E. Ќе пронајдете куп генерирани слики со Midjourney и Dall-E.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk