ИТ настан: Стартапи и први инвестиции се тема на Beer & Code #11

во ИТ.МК, Совети

Нов четврток, и веќе е закажан нов собир на програмери и стартап ентузијасти на единасетиот Beer & Code #11, oрганизиран од Fridgecheck. Ако досега темите беа потехнички, разбирливи само за програмерите откако ќе испијат пиво, две, три; сега ќе се зборува за стартапите и бизнис модели.

Гостин на Beer & Code #11 е Ирена Н. Чаушевска, директор на бизнис акселераторот NewMen’s Business, која ќе говори за како да се развие еден стартап, но не од техничка гледна точка, туку од бизнис аспект. Како да се дојде до првата инвестиција, и како ефективно се пренесува визијата за стартапот до инвеститорите и потенцијалните партнери.

Настанот е закажан за четврток, од 20:00 часот во Road House, Скопје. Поканети се сите заинтересирани.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments