Минатата недела заврши снимањето на „Reunion“ епизодата на веројатно најпопуларната серија на сите времиња – Пријатели (Friends).
Во „епизодата“ се појавуваат главните актери од серијата, Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Friends Reunion“ ќе биде достапен на стриминг сервисот HBO Max.
Овој настан нè потсети на рекламата за Windows 95 која ја снимија двајца од актерите Метју Пери и Џенифер Анистон. Рекламата претставува повеќе од можностите на тогаш новиот оперативен систем, од мултитаскинг до plug and play функционалноста.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






