Идните телевизори на Samsung ќе имаат подобри гласовни команди и навигација со гестикулации

во Хардвер

Купувачите на нови телевизори на Samsung, кои ќе се продаваат од 2014-та година, ќе имаат телевизор со гласовна контрола и ќе можат да навигираат низ содржините со гестикулации. Покрај подобрената интеракција, Samsung на CES 2014 ќе претстави и нов телевизор Ultra HD кој ќе биде од 105-инчи со закривен екран, со резолуција 5.120х2.160. Цената не е објавена, но се шпекулира со 40.000 долари.

„Samsung 2014 TV ќе овозможува подобра гласовна интеракција и препознавање на гестикулации и движење за нашите корисници да можат да уживаат во телевизорот интуитивно. Со Smart 2014 корисниците ќе можат да го променат каналот со едноставно изговарање на бројот на каналот“, известува компанијата на својот блог.

Гестикулацијата ќе овозможува нагодување на звукот, враќање на претходниот екран, пребарување и пронаоѓање на содржини кои сакаат да ги гледаат и запирање на видео со едноставни гестикулации. Покрај ова ќе биде овозможено и да разгледуваат апликации кои споделуваат спортски содржини, информации од берзата или временска прогноза.

Засега е непознато дали и кога ќе има надградба за софтверот за претходните серии на телевизори. Телевизорот и новите функционалности ќе имаат свое официјално претставување на 2014 Consumer Electronic Show кој ќе се одржи од 7 до 14 јануари во Лас Вегас.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments