Taptu ви дава комбинација од вести од вашиот Facebook и Twitter профил

Мобилните уреди земаат сè поголем замав и полека започнуваат да го менуваат начинот на кој конзумираме вести. Taptu е апликација за мобилни уреди која ги комбинира вашите омилени фидови, вашите друштвени мрежи, како и автоматски предлози за да ви овозможи полесна конзумација на онлај содржината која ја има изобилство.

Taptu е достапна за оперативните системи iOS и Android, и може да се користи и на паметни телефони и на таблет компјутери. Првично оваа апликација е замислена како веб прелисувач за мобилни телефони, за потоа да прерасне во прелистувач за паметни телефони, за на крај да стане апликација за вести. Пазарот за конзумација на онлајн содржини моментално е пренатрупан со разни апликации, меѓу кои се Flipboard, News.me, Feedly, Pulse, и многу други, меѓутоа предноста на Taptu е тоа што има далеку подлабока интеграција со друштвените мрежи.

Тaptu покрај тоа што ја вади содржината од друштвените мрежи, исто така може да служи и како клиент за Facebook и Twitter. Па така, корисниците можат да споделуваат, лајкнуваат, твитаат и ретвитаат, директно од апликацијата. Taptu исто така на корисниците им нуди свои содржини кои се базирани на нивните Facebook стримови, вести и видеа кои се твитаат од нивните пријатели. Поради

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments