Mногумина апсолутно и максимално уживаат во таканаречените cozy игри. Ваквиот жанр има посебен талент да го замени стресот со релаксација и креативност. Tailside: Cozy Cafe Sim е една таква игра – шармантен симулатор за водење на кафуле. Развиена од Coffee Beans Dev, играта од неодамна се вметна во раниот пристап на Steam, нудејќи ви можност да управувате со вашето кафуле во живописното гратче Tailside, без какви било притисоци.

Tailside: Cozy Cafe Sim е симпатична игра кое се одликува со задоволителен циклус од дневни активности. Преземајќи ја улогата на сопственик на кафуле, ќе започнете со подготовка на различни видови кафе. Притоа, гејмплеј механиките се движат од мелење на зрната до совладување на таканаречените лате арт техники. Она што нам посебно ни се допаѓа е тоа што нема никакви тајмери, никакви временски притисоци и казни. Целта во играта е да правите она што сакате кога и како што сакате, дозволувајќи ви да си работите со сопствено темпо. Таквото напредување ве наградува со нивоа и вештини. Како што ги услужувате посетителите, така отклучувате нови рецепти, состојки и опции за надградба на кафулето. Во поглед на набавка, имате едноставен систем за нарачувате залихи. Ништо посебно и ништо комплицирано, само еден дополнителен елемент кој ви дозволува краткотраен фокус кој нарачување работи пред да се одново фрлите или на правење кафе или на уредување на кафулето.

Токму така. Еден од најсилните аспекти на Tailside е слободата во уредувањето. Играта нуди стотици предмети за декорација, дозволувајќи ви целосно да го персонализирате не само просторот за гости, туку и терасата и личната спална соба. Графичкиот стил, како што и самите сигурно можевте да завележите, се потпира на шармантен пиксел-арт со мека палета на бои. Ваквата комбинација, потпомогната со релаксирачката музичка подлога, само дополнително придонесува за општата атмосфера на смиреност и совршено се вклопува во целиот концепт на кафе пауза.

Иако примарно е симулатор, Tailside: Cozy Cafe Sim вклучува и наративни елементи кои се одвиваат суптилно, со приказна која се открива преку дневниот весник. Често можете да стапувате во интеракција со посетителите и постепено да отклучувате нови информации за нивните аспирации, местото и севкупната заедница. Се работат за мали, но внимателно осмислени детали кои се замислени да покажат мала, но уникатна страна на луѓето кои ги служите.
Моменталната верзија ги содржи основните механики, системот за ден и ноќ, како и солиден избор на декор. Во меѓувреме, студиото планира додавање на стаклена градина за одгледување растенија, динамичен систем за временски услови кој ќе влијае на расположението на клиентите, како и проширување на нивоата и предметите. Паралелно со ова, планирана е поддршка за Steam Workshop за посета на туѓи кафулиња.

Tailside: Cozy Cafe Sim е забавен наслов кој максимално се фокусира на релаксација, симпатична пикселна графика и ветувачки план за надградби. Доколку сте фанови на вакви игри, тогаш навистина треба Tailside: Cozy Cafe Sim да е вашата дестинација за инстантен мир, бегство од реалноста и максимална релаксација.