Tails е најбезбедниот ОС со отворен код; Едвард Сноуден го користи да се сокрие од NSA

Tails е оперативен систем со отворен код кој на сите корисници им овозможува максимална приватност. Tails е креиран со намена да остава минимален дигитален отпечаток при секое негово користење. Колачиња за следење, логирања на друштвени мрежи или малициозен софтвер помагаат при поврзувањето на идентитетот на корисникот со дигиталниот отпечаток, а целта на Tails е да им ја отежни работата на сите злонамерници. Креаторите на оперативниот систем се непознати, односно анонимни и остануваат познати единствено преку своите псевдоними, „Некои од нас сакаат да останат анонимни“, велат програмерите кои работат на Tails.

Tails во идеална ситуација се подигнува од CD што значи дека при секое вклучување е потполно непроменет, за жал ова е понепрактично имајќи ги во предвид надградбите, па поедноставно е користење преку USBстик. Нема дополнителни програми или снимање на фајлови, но најважно при секое стартување е сосем чист, пишува Verge. Софтверот заедно со GPG имејл криптирањето е клучен за откривањето на аферата за прислушување на NSA која ја обелодени Едвард Сноуден пишува Press Freedom Foundation.

„Tails е од клучно значење за мојата можност да работам безбедно на NSA сторијата. Колку повеќе дознавам за безбедноста при комуникациите, толку повеќе Tails има централна улога во мојот пристап“, вели Глен Гринвалд, кој е еден од добитниците на Пулицеровата награда за сторијата за NSA прислушувањата.

Оперативниот систем не застанува на „чиста верзија“ секој пат кога го вклучувате. Секое поврзување на Интернет се прави преку Tor мрежата, а обидите за директно приклучување на Интернет се блокираат. Ова не важи само за прелистувачот туку и за целокупниот софтвер кој доаѓа со Tails. Покрај ова оперативниот систем овозможува LUKS+ криптирање на USB-стиковите и надворешните хард дискови. Електронската пошта преку имејл клиентот, текст едиторот или фајл пребарувачот се криптира со OpenPGP+.

За жал оперативниот систем не доаѓа без недостатоци, за почеток сите компјутери не го подржуваат Tails, тука пре се станува збор за асортиманот на Apple, а главно сите компјутери кои подржуваат Linux го подржуваат и Tails, ова е и разбирливо бидејќи оперативниот систем е базиран на Debian. Вториот и можеби клучен недостаток е намалувањето на опсегот на Интернет кој е достапен. Дополнително купувањето на Интеренет преку Amazon и слични сервиси, па дури и логирањето на Facebook и Twitter го открива идентитетот на корисникот.

[youtube]tRsFVEXgxiw[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk