0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2014

Следниот очен преглед може да го направите со паметен телефон

Паметните телефони можат да заменат добар дел од функциите и прегледите за кои е потребна скапа медицинска опрема, вели Ендрју Баставрос во својот TED говор. Г. Баставрос покажува како конвој со скапа медицинска опрема, сега е заменет со човек на велосипед со паметен телефон кој ги испраќа информациите до лекари специјалисти кои лоцирани било каде во светот.

Можноста за користење на најразлични апликации и додатоци на паметните телефони во Кенија и Субсахарска Африка овозможува очни прегледи на локациите кои се далеку не само од урбаните центри, лекари, туку и од електричната мрежа. Сето ова се остварува со помош на таблет компјутер или паметен телефон кои доаѓаат со сопствен соларен панел кој овозможува нивна примена насекаде. Друг пример за супериораната технологија е што некои научници започнаа да ја користат камерата на паметните телефони како замена за микроскоп.

Погледнете го видеото во кое г.Баставрос објаснува како мал 3Д-отпечатен додаток и паметен телефон чија вкупна вредност не надминува 500 долари ќе ги заменат скапите камери кои се користат за снимање на очите во вредност од 25.000 долари.

[youtube]xPTmHKlH7s4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top