1
Pizza.com продаден за 2.6 милиони долари
Пред неколку дена во американскиот весник The Sun беше објавен текст за Крис Кларк, компјутерски програмер кој пред 14 години го купил доменот Pizza.com за само 20 US долари a по неколку години и многу неуспешни обиди да направи нешто вредно со него, во петокот го продал за неверојатна сума од 2,6 милиони US долари.